Мет Лебланк се прости од Метју Пери: „Никогаш нема да те заборавам“

by Fokus

Американскиот актер Мет Лебланк се огласи за неодамнешната смрт на неговиот колега од „Пријатели“ Метју Пери, велејќи дека му е чест да го нарече Пери свој пријател.

„Метју, со тешко срце се збогувам. Времето што го поминавме заедно е меѓу моите омилени моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам мој пријател”, напиша Лебланк на Инстаграм.

Му порача на Пери дека никогаш нема да го заборави и дека секогаш ќе се насмевнува кога ќе помисли на него.

„Никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај брате мој. Конечно си слободен. Многу љубов. И претпоставувам дека ги задржуваш 20-те долари што ми ги должиш“, изјави Лебланк.

Метју Пери почина на 28 октомври на 55-годишна возраст. Тој беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а причината за смртта останува непозната. На почетокот на ноември, тој беше погребан на гробиштата Форест Лон во близина на Лос Анџелес, каде почиваат многу филмски ѕвезди, а кои се наоѓаат во близина на студиото на Ворнер Брос, каде што се снимаше „Пријатели“.

Покрај семејството и најблиските пријатели, на погребот присуствуваа и колегите од „Пријатели“ на Метју, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

Поврзани новости