673
Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси се договори со актуелниот француски првак ПСЖ за продолжување на договорот до лето 2024 година, пренесува британскиот сервис Би-Би-Си.
Актуелниот договор на Меси со ПСЖ истекува за шест месеци и постоеја шпекулации околу можно враќање на аргентинскиот фудбалер во Барселона, но по освојувањето на светската титула со Аргентина од тоа дефинитивно нема ништо.
Меси лани се пресели во редовите на ПСЖ, откако 21 година го носеше дресот на Барселона.
Во дресот на парискиот клуб одигра 53 натпревари на кои постигна 21 голови, а лани ја освои шампионската титула во Франција.