Дваесетте основни прехранбени производи во Бугарија поскапеле 45 отсто за една година

by Fokus

Дваесетте основни прехранбени производи  во Бугарија, за секојдневна употреба и од кои голем дел се присутни на божиќната трпеза, за една година поскапеле за близу 50 отсто, покажуваат податоците на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).

Меѓу тие производи се ориз, леб, брашно, мелено месо, свинско и пилешко месо.

Виолета Иванова, заменик-директор на Институтот за социјални и синдикални истражувања при КНСБ, изјави за бугарски медиуми дека во декември продолжиле да растат цените на главните 20 стоки и услуги во државата, „што доведува до поскапување на животниот стандард“.

Податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија таа потрошувачка кошничка од 20 стоки може да се купи 7 пати, додека во Германија – 31.

„За тие 20 стоки лани во септември требаше да се плати 65 лева, а сега 95 лева, односно зголемувањето е за 45 отсто“, прецизираше Иванова, пренесоа бугарскикте медиуми.

Поврзани новости