Меси ги разочара фановите: Мислам дека нема да играм на следното Светско првенство!

by Fokus

Лионел Меси потврди дека не планира да учествува на следниот фудбалски шампионат кој ќе биде во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Уште по финалето во Катар, Аргентинецот, кој овој месец ќе наполни 36 години, ја објави својата намера.

„Како што кажав и претходно, мислам дека нема да играм на следното Светско првенство. Не знам што ќе се случи со време, но не се предомислив за ова. Би сакал да бидам таму и да ги гледам (натпреварите – н.б.), но нема да учествувам. Откако стигнав до Светското првенство, што ми недостасуваше, задоволен сум и благодарен за кариерата што ја имав. И за мене ова е најважно. Мислам дека го одиграв последното Светско првенство“ – изјави Меси за „China TV“.

Тој се уште не се повлекол од националниот тим, иако одлучи да ја напушти Европа и кариерата да ја продолжи во американското првенство, каде ќе го носи тимот на Интер Мајами.

 

Поврзани новости