Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, односно минималната пензија ќе биде зголемена за 134 денари, а просечната за 185 денари, најави вечерва министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
На гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, Шахпаска рече дека и понатаму ќе се исплаќаат пензиите при крајот на месецот со цел да се заштитат пензионерите поради пандемијата.
– Со пензијата за јануари, која ќе биде исплатена на крајот на јануари, ќе го добијат успгласувањето по закон и тоа ќе значи зголемување на минималната пензија за 134 денари месечно и зголемување на просечната пензија за 185 денари месечно, појасни Шахпаска.
Рече дека не се планира пензиите да се зголемуваат линеарно како што тоа беше пракса за време на претходната власт.