„Мерцедес“ се удри во билборд, тројца повредени

by Fokus

Тројца радовишани се повредени откако со „мерцедес“ удриле во билборд кај бензиска пумпа.

Според информации од полицијата, Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи возило „мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот на булеварот Александар Македонски во Радовиш, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.

При тоа се повредени Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничката болница Штип.

Поврзани новости