Не се случува често германски лидер отворено да признае ситуација која досега најчесто се нарекуваше поинаку.
Но, овој пат, канцеларот Фридрих Мерц не ги штедеше зборовите. Зборувајќи за францускиот телевизиски канал LCI, тој рече: „Веќе сме во воена состојба со Русија“.
Неговите зборови веднаш одекнаа, бидејќи доаѓаат во време кога Европа бара начин да ја одржи политичката и безбедносната стабилност.
Како што објави агенцијата ТАСС, Мерц тврди дека германските служби со месеци се преплавени со извештаи за постојани напади врз инфраструктурата и обиди за влијание врз јавното мислење преку социјалните мрежи.
Според неговиот став, тука треба да се бара коренот на проблемот: „Русија дестабилизира големи делови од нашата земја“, нагласи тој, оставајќи простор за толкувања дека тоа е многу посложен процес од обичните сајбер инциденти. Во позадина е верувањето дека дигиталните канали се користат како алатка за политички притисок.
Новинарот на LCI го потсети на неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го опиша Владимир Путин како „предатор на вратата на Европа“.
Мерц без двоумење одговори дека токму така го гледа рускиот претседател. Со тоа, само во неколку реченици, тој направи паралела помеѓу германските и француските ставови за моменталната безбедносна слика на континентот.