Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија
29.3.2020 год. – Трасирани, мерките елаборирани, компаниите фрустрирани
1. Вака беа насловите на моите пораки до вас, почитувани наши членки, а во заднина на тоа секаде се појавуваше нашата цел – да се спасат компаниите и економијата. Но, тоа не е можно ако се изгубат човечките животи и се доведе во прашање функционирањето на државата. Со самиот почеток на кризата и формирањето на Економскиот совет во Владата на РСМ, на првата седница на ова тело предложив да се утврдат принципи, затоа што моето искуство зборува дека кај нас личните секогаш се ставаат над заедничките интереси . Тоа искуство не е мало – се мери во децении. Затоа, прв принцип кој го утврдивме и кој јавно го деклариравме беше дека од кризата секој ќе има штета и треба да биде спремен да ја понесе .
2. Неделава јавно најмалку 5 пати во медиумите напишав дека презентирам предлози на членови на Економскиот совет при Владата и претставници од бизнисот, дека тие предлози се многу интересни и корисни, дека за нив вреди да се направат симулации и пресметки и точно наведов кои институции тоа треба да го направат. Исто така, нагласив дека мора да се води сметка за висината на задолжувањето на државата, затоа што тие средства ќе мора да се враќаат и треба сериозно да се размисли колку внатрешни резерви можат да се искористат во овој момент за кои со сигурност знаеме дека го подјадуваат државниот буџет. Згора на тоа, јавно да се штити и истакнува манипулацијата за изигрување на даноците, за мене е проблематично (ЕЛ-1, 30 години).
3. Во Комората секој ден пристигнуваат и нови предлози, а сериозно се разгледуваат можностите да се побара за време на вонредната состојба и траењето на кризата државните органи да се снабдуваат и да користат услуги само од македонските компании, а на текстилната индустрија да и` се овозможи да произведува униформи и ХТЗ опрема за војската, полицијата, здравството. Се разгледува можноста и за поддршка на градежништвото, на начин што е познат рецепт за вакви услови, а тоа е отворање на инвестициска активност, која ќе биде финансирана од државата, по принцип плаќањето да се врши дел од буџетски средства и дел со државни обврзници. Тука е и прашањето за либерализација на железницата, „дубарите“ со парафискалните давачки, на штета на компаниите и други мерки, кои во меѓувреме се анализираат.
4. Со години бизнисот се мачи да се разубеди со државата за потребата заеднички да се седне и сериозно да се преиспита царинската тарифа за цел сет на увозни производи, која е историски наследена и сме заборавиле кога последен пат била ажурирана. Асоцијацијата на странските инвеститори со технолошки напредно производство во Комората веќе работи и на заедничка анализа со Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за ова прашање. Но ова прашање дотолку повеќе ги засега и домашните извозници – светска небулоза е што имаме компанија што произведува контактори и релеи што стигнуваат на пазарите ширум светот, а за единствената суровина што им е потребна за производството (индустриско сребро со тарифен број 7106922000) кај нас се наплаќаат царини од 10%, додека царинската стапка за истите овие производи во ЕУ е 0%. За производ што воопшто не се произведува кај нас… А да не спомнувам дека од царини се наплатуваат само 2,95% од вкупните буџетски приходи годишно… а сепак државата цврсто се држи до нив, занемарувајќи колку тоа може да ја зголеми конкурентноста на извозниците и да им даде предност пред компаниите од опкружувањето – и во нормални времиња, а уште повеќе и денес, кога речиси се` е со предзнакот вонредно. Деталите за оваа тема, заедно со други прашања од интерес за извозниците, ќе ги презентираме во четврток.
Состанок на Економскиот совет при Владата на РСМ
П.С. Значи, со точката 4, оваа недела го отвораме прашањето за зголемување на конкурентноста на нашите компании со барањето за целосно укинување на царините за 12 тарифни броја, што од почетокот на годината се намалени за 50%, а во суштина не штитат ништо.