Германската канцеларка во змаинување Ангела Меркел ја благослови следната германска коалициска влада, изјавувајќи дека очекува „мирно да спие“ со социјалдемократот Олаф Шолц како нејзин заменик.
Меркел се повлекува од политиката по 16 години минати на власт како канцеларка, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ замина во опозиција откако на минатомесечните парламентарни избори го постигна својот најлош изборен резултат во историјата. Нивните главни ривали, социјалдемократите од левиот центар, сега преговараат за коалиција со либералните Слободни демократи (ФДП) што го поддржуваат бизнисот, како и еколошките Зелени. Нивната цел е до почетокот на декември да го назначат министерот за финансии и вицеканцеларот Шолц за канцелар, соопштија вчера партиите.
На прашањето што мисли за тоа што социјалдемократ наскоро повторно ќе ја предводи земјата, Меркел рече: “Се разбира, ќе има политички разлики. Но, ќе можам мирно да спијам”, ја цитираат француските медиуми нејзината изјава.