Меркел не се вклучува во преговорите за името, тврдат од Владата

by fokus

Германија не се вклучува во процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, коментирајќи ја денешната посета на премиерот Зоран Заев на Берлин, каде што тој ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, која пак вчера имаше имаше телефонски разговор со Алексис Ципрас, а в петок ќе имаат средба во Брисел.

– Преговорите се водат под закрилата на Обединетите нации и медијаторот Метју Нимиц. Се работи за билатерална средба, на која ќе се разговара за повеќе работи, економски прашања. Одредени пријатели на Република Македонија и Република Грција имаат свое видување за работите. Можно е да се дискутира, меѓутоа нема да учествуваат во преговорите – додаде Бошњаковски.

 

Поврзани новости