370
Безживотно тело на 62-годишен старец со иницијали Т.Б. е пронајдено утринава во 7.45 часот на улицата „Сутјеска“ во Штип.
Според првичните информации, кај 62-годишниот штипјанец констатирани се видливи повреди на главата.
Од Секторот за внатрешни работи на Штип велат дека од слобода се лишени три лица од Штип во координација со јавен обвинител заради водење информативен разговор. Крим полиција и јавен обвинител се на терен и работат на расчистување на настанот.