650
Германската канцеларка Ангела Меркел, на денешната заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев, истакна дека се надева дека Македонија што побрзо ќе стане дел од семејството на ЕУ и НАТО.
-Зборувавме за можноста за отварање на вратите во евроатлантското семејство за Македонија. Потребно е уште многу работа, но предусловот е да имате успешен референдум. Не сакам да се мешам во вашата одлуката, но ова е историска шанса. На 30 септември не останувајте дома на тој историски ден, искористете ја вашата шанса. 30-ти септември е уште еден ден клучен за вашата иднина, рече Меркел.