ЗНМ: Со затворската казна за напаѓачот на новинарската екипа се испраќа порака дека повеќе нема да се толерира насилство

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основен суд, со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, за време на ланските протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци казна затвор.

„Оваа пресуда на судијата, Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар е осуден на затворска казна и со тоа ја прекинува политиката не неказнивост за напади на новинари. Пресудата праќа јасна порака дека системот нема да толерира насилство врз новинарите и дека секој што ќе нападне во иднина ќе биде брзо откриен и изведен пред лицето на правдата“, се вели соопштението испратено од ЗНМ.

Во исто време, велат од ЗНМ, пресудата ќе влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите.

-Безбедноста на новинарите е основен предуслов за да можат тие слободно и без страв да ја вршат нивната новинарска професија во интерес на граѓаните, и со ова системот покажува дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говорот, додаваат од ЗНМ.

Поврзани новости