461
Германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп разговарале, меѓудругото, и за решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина.
Таа истакна дека постоечките територии се „значајна вредност“ и треба да се внимава одредени решенија да не предизвикаат последици врз други земји.
Меркел изјави дека „ги поддржува сите разговори кои водат до целта – решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина, но територијалниот интегритет, каков што е создаден и сега постои, исто така е важна вредност. Тоа го нагласив и при неодамнешните разговори со премиерите на Црна Гора и на БиХ. Мора да внимаваме потезите на една територија да не доведат до потези на други територи“.