Меркел доаѓа во Скопје на 8 Септември

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел на денот на независноста на Република Македонија ќе оствари посета на Скопје.

„Се уште се работи на програмата, но сега можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев”, рече Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат “регионалните случувања, билатералните прашања“.

Тој исто така додаде дека канцеларката Меркел сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот, пренесуваат грчките медиуми.

„Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Радишани.

Поврзани новости