Менди Ќура во водство во Струга како независен кандидат

by irena 23:36
23:36

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура, е во водство според најновите прелиминарни резултати од Државната изборна комисија. Ќура, кој настапува надвор од партиски рамки, доби значителна поддршка од гласачите во првиот круг од локалните избори.

Иако официјалните резултати сè уште не се конечни, Ќура соопшти на социјалните мрежи дека води во трката, проследувајќи ја објавата со порака: „ПОБЕДА, Промената започна и никој не може да ја запре!“

Според ДИК, од преброени гласови Менди освоил 8.329, а Далипи 7.651 гласа. Во Единствениот избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62.711 гласачи.

Слични вести