581
На плоштадот Македонија денеска беше одржан меморијален ден, на местото каде што на денот на изборите во 2011 година беше убиен 22-годишниот Мартин Нешкоски.
Дваесетина граѓани се собраа на плочникот на плоштад Македонија наспроти МЕПСО, на местото каде што беше извршено убиството.
На местото беше положено свежо цвеќе во знак на потсетување што се случи на парламентарните избори во 2011 година, со цел да не се повтори таков грозоморен чин.