На прес конференција која денес се одржа во угостителски локал во Скопје, култната поп-рок група „Меморија” го најави својот голем концерт на отворено во Скопје.
Настанот, кој е најавен како голем спектакл, ќе се одржи под отворено небо на стадионот на АРМ во градскиот парк на 11-ти јуни. Ќе биде проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти, а исто така се очекуваат и специјални гости.
-Концертот е замислен како своевидна концертна матурска рок ен рол забава на генерациите. И на оние некогашните, кои паметат многу посреќни времиња, и овие сегашниве, кои ги живеат најубавите години од својата младост, но и оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат.
Концертот на ,,Меморија” ќе биде многу повеќе од само обичен ,,Open air” рок концерт. Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистински вредности. И музички и човечки! –информираат од ,,Меморија”.
Ова ќе биде повторен музички собир на групата која пред пет години имаше повратнички концерт за кој и денес се зборува, а инсерти од тогашниот концерт се уште се вртат во етерот.
Вики Клинчарова