Народниот правобранител Иџет Мемети ги обвини УБК и Јавното обвинителство дека го попрачувале во истрагата за случајот со прислушувањето и бомбите кои ги објавуваше опозицијата, односно му го оневозможиле со закон загарантираниот пристап до документи.
Во изјава за 24 Вести тој рече дека барал да му бидат доставени бараните податоци повикувајќи се на Законот за народен правобранител, според кој, сите органи се должни да соработуваат со правобранителот и да му обезбедат и документи со највисок степен на класификација „државна тајна“.
-Јавниот обвинител го информира Народниот правобранител дека нема да му бидат доставени бараните информации, бидејќи се сметаат за тајни, одосно дека давањето на вакви информации би претставувало посредно откривање на мерки и активности кои по својата природа се тајни и би се довела во прашање нивната успешна примена, бил одговорот од Јавното обвинителство.
За ваквиот однос, Народниот правобранител Мемети реагирал до Владата, но откако таа не презела ништо, пред неколку дена тој испратил писмо до пратениците во Собранието. Мемети од нив бара да го разгледаат посебниот извештај што им го доставува, да расправаат на седница за него и да ги употребат сите механизми кои ќе му овозможат да ја врши работата по закон за која е избран, а тоа е заштита на правата на граѓаните.