Народниот правобранител уште пред скоро девет месеци започна постапка поврзана со опозициските бомби, но во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека сега е во фаза во која за попречувањето се обратил до Владата и до Собранието.
-Инсистирам на одговор од страна на Владата и Министерството за внатрешни работи за сите тие клучни прашања што ги поставив уште тогаш, затоа што тие се должни тоа да го направат. Не е во ред да игнорираат. Тоа е проблем на функционирањето на институциите во Република Македонија. Тие кои треба да ги спроведуваат законите не го правеле тоа, а формирањето на Специјалното јавно обвинителство доволно говорело колкава е волјата на институциите да се справат со проблемите. Овде не е во прашање Иџет Мемети, во прашање е институцијата Народен правобранител, во прашање е функционирањето на правниот систем во Република Македонија кој очигледно не ни функционира како што треба“, вели Мемети во интервјуто.