Народниот правобранител Иџет Мемети реагира дека на ниво на цела држава околу 50 проценти од затворениците и во првиот круг но и сега не можат да го исполниле своето право на глас од различни причини.
Голем дел од овие затвореници во меѓувреме пак им истекле документите но постои и отсуство на информираност во затворите за тоа како и каде можат да си ги обноват своите документи. Сепак и во случај на обновување доколку тие не се запишани во избирачкиот список не можат да го остварат своето право на глас .
Од вкупно 1.810 осудени лица во најголемиот затвор Идризово, во Избирачкиот список запишани се само 955 затвореници. Од нив, на гласање во првиот круг на локалните избори на 15 октомври дошле 696, од кои дури 273 биле вратени, зашто немале важечки лични карти, алармира Народниот правобранител Иџет Мемети.
Овие лица се претворени во фантоми, затоа што Управата на затворот Идризово не води сметка да им ги обнови личните карти, реагира Омбудсманот.
Од ДИК пак велат дека немаат селективен пристап кон гласачите но дека сепак се водат според роковите и законските прописи.