Мемети: Институцијата омбудсман ја има поддршката од граѓаните

by fokus

Најдоброто нешто што може да им се случи на земјите со различности е некоја институција која може да ги сплоти. Институцијата омбудсман се обидува да ја игра токму таа улога, а нашето членство во Асоцијацијата на омбудсманите на Медитеранот ни дава ветер во грбот да напредуваме.

Ова го истакна народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети вечерва на приемот во Француската резиденција организиран за членовите на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот кои престојуваат во земјата по повод утрешниот 10-ти по ред јубилеен состанок на Асоцијацијата во Скопје.

Мемети оцени дека институцијата омбудсман во земјава, на чие чело тој е веќе 14 години, успеала да стане зрела институција која ја добила и ја има поддршката на граѓаните, а вели успеала и институциите да ги убеди да ја поддржат.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека работата на омбудсманите е многу одговорна бидејќи тие се наоѓаат меѓу владите и луѓето и се носители на надежта.

– Земјата многу се промени во позитивна насока и омбудсманот има можност да ги исполни повеќето од препораките во однос на стандардите и почитувањето на човековите права. Ние ќе следиме колку состојбите се консолидираат и ќе се обидеме да помогнеме на вашиот тим кој има капацитети, рече амбасадорот Тимоние.

На приемот присуствуваа омбудсманите на повеќе земји од регионот и од Израел, од Мароко…

Поврзани новости