Италијанската премиерка Џорџа Мелони е повикана да сведочи на судењето на двајца мажи кои се обвинети дека лажирале порнографски фотографии од неа и ги објавиле на Интернет.
На судењето во Сасри, Сардинија, Мелони како оштетена бара отштета од 100.000 евра, кои доколку ги добие на суд ќе ги донира во фондот на министерството за внатрешни работи за жени жртви на семејно насилство, рече нејзината адвокатка Марија Џулија Маронгиу.
Во 2020 година, италијанската полиција ги идентификуваше таткото и синот кои објавија лажни фотографии од Мелони на порно веб-страница со седиште во САД, следејќи ги податоците од нивниот мобилен телефон.
Маронги рече дека одлуката на Мелони да го продолжи случајот ќе испрати порака до жените кои се жртви на такво злоставување дека не треба да се плашат да поднесуваат жалби.