186
Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека навлегувањето на беспилотни летала во Полска е исклучително неодговорен потег на Русија и само нè потсетува на очигледното непочитување на мирот од страна на рускиот претседател Владимир Путин и постојаното бомбардирање со кое се соочуваат невините Украинци секој ден.
Тој додаде дека е во контакт со полскиот премиер Доналд Туск, со цел јасно да ја искаже британската поддршка за Полска, пренесува Скај њуз.
„Мојата искрена благодарност оди до НАТО и полските сили кои брзо реагираа за да ја заштитат Алијансата“, нагласи британскиот премиер.