535
Првата дама на САД, Меланија Трамп ги повика денеска компаниите да престанат да ги рекламираат електронските цигари поради децата, нагласувајќи дека тие создаваат зависност и се опасни.
– Рекламирањето пред децата на овие производи, кои создаваат зависност, мора да се спречи, истакна таа.
Според неа, „тинејџерите и младите луѓе мора да се охрабрат да ја признаат зависноста и да побараат помош“.
Најголемиот производител на електронски цигари Јул Лабс најави дека ќе го прекине рекламирањето на тие цигари во САД.