Модриќ за репрезентацијата ќе дојде и пешки, вели хрватскиот селектор

by Fokus 21:50
21:50

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, пред дуелот со Унгарија в четврток на „Пољуд“ во Сплит, рече дека смета на капитенот Лука Модриќ кој, иако не е 100 проценти подготвен за 90 минути, викендов даде прекрасен гол за Реал Мадрид.

– Разговарав со Лука пред некој ден. Зидан му најавил дека на почетокот ќе биде на клупа, а потоа тој влезе во игра и даде гол. Му требаше таков погодок. Со Лука никогаш не сме имале проблем со посветеноста кон националниот тим. Тој би дошол и пешки за да игра за Хрватска, вели Далиќ.

- Advertisements -

Хрватите ако ја победат Унгарија, потоа му гостуваат на Велс, и веќе таму со позитивен резултат би можеле да си ја завршат работата околу пласманот на ЕП 2020. 

Поврзани новости