Меј: Договорот за името е резултат на храброста и лидерството на Заев и Ципрас

by Фокус

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор помеѓу со Грција и неговата ратификација во Собранието.

„Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“, стои во писмото од премиерката Тереза Меј.

Таа додава и дека конечно после 25 годишниот спор, желбите на огромно мнозинство граѓани, кои сакаат да ја видат својата земја како членка на НАТО и ЕУ, ќе ги отвори вратите за овие аспирации.

„Како долгогодишен пријател, Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија во патот на пристапувањето кон членството во Евро-атлантскиот сојуз, како и во мирот и просперитетот, што овие аспирации како и останатите реформи ќе го донесат за Вашата земја, и за регионот како целина“, се истакнува во писмото на премиерката Меј.

Поврзани новости