Утре ќе биде познато дали и кога ќе им се суди на обвинетите за 27 април

by fokus

Во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали ќе им се суди на обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година, во Собранието. Од Кривичниот суд информираат дека денеска била оддржана седница за оцена на обвинителниот акт, а утре ќе биде позната одлуката.

Доколку обвинението добие позитивна оценка, тоа значи дека набрзо ќе се закаже и рочиште, по што обвинетите за тероризам ќе седнат на обвинителна клупа. Сепак Советот за оцена има право и да го врати обвинението на доработка, или да го отфрли.

За настаните на 27 април обвинети се 30 лица за тероризам и загрозување на уставниот порредок. Меѓу нив се и петте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Обвиент е и екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Иако обвинението е во фаза на решавање дали ќе има судење, обвинителството се уште истражува кој го нарача насилниот упад во Собранието. Во документот кој до судот е доставен на 27 март годинава, нема нарачател. Стои само дека во организацијата на протестите главна улога имал Александар Василевски – Нинџа.

Поврзани новости