414
Пратеничката Ермира Мехмети ќе ја напушти пратеничката група на ДУИ и ќе делува како независен пратеник, објави „Топ чанел“.
Мехмети не се јавуваше на телефон, ниту одговори на нашата смс-порака дали има вистина во ваквите написи.
Доколку тоа се случи, тоа ќе биде втор пратеник што ќе ги ослабе „интегративците“ во парламентот, откако Зулфи Адили се приклучи на новата албанска партија Унитети.