Мехмедовиќ и Царовска: Ќе има бесплатно болничко лекување за сите

by Fokus

Сите здравствени осигуреници ќе бидат ослободени од болничката партиципација. Сметаме дека оваа мерка ќе го олесни финансиското оптоварување на сите, посебно на примателите на социјална помош. Сумата за социјална парична помош е многу мала, од 2.000 – 6.000 денари, далеку под прагот на сиромаштија, истакна доктор Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика имаа средба со претставници на организацијата ЛИЛ.

-180.000 луѓе, според СЗО живеат со по 40 денари на ден. 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија. Парите за оваа мерка, што пресметавме дека изнесува 420 милиони евра на годишно ниво, сега ќе биде на товар на државата којашто ќе биде должна да го финансира тоа бесплатно болничко лекување – истакна Мехмедовиќ.

Тој посочи дека за респираторно заболување, хронична опструктивна белодробна болест партиципацијата е некаде околу 1.800 денари. За вградување бајпас е околу 6.000 денари, и дека во услов на стресно живеење и со големо загадување на воздухот, за граѓаните кои по неколку пати завршуваат во болница, оваа мерка ќе биде големо олеснување.

 

 

но и од институциите, на тема бесплатно болничко лекување за корисниците на социјална парична помош.

Поврзани новости