Меѓународниот злосторник Путин го посети окупираниот град Мариупол, се наведува во осудата од Украина

by Fokus

Откако рускиот претседател, Владимир Путин, непланирано го посети градот Мариупол, како прво патување на територијата на украинскиот регион Доњецк, кој е под руска окупација од почетокот на војната, властите на Мариупол ја осудија неговата посета.

„Меѓународниот злосторник Путин ноќеска го посети окупираниот град Мариупол, веројатно за да не го види градот убиен од неговото „ослободување’ во текот на денот“, соопштија градските власти на Телеграм.

Путин вчера беше и во ненадејна посета на Крим по повод 9-годишнината од анексијата на полуостровот, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Поврзани новости