Меган Маркл со ново интервју во кое тврди дека едвај чекале да ја напуштат Велика Британија

by Fokus

Меган Маркл даде ново интервју во кое ги нападна британското кралско семејство, британските медиуми и британската јавност.

Војвотката од Сасекс даде интервју за „The Cut“, во кое рече дека таа и Хари едвај чекале да ја напуштат Велика Британија и дека, според мислењето на некои членови на кралското семејство, тие само ја нарушувале хиерархијата со самото свое постоење.

Меган рече дека таа „се трудела да им опрости на кралското семејство, како и на членовите на нејзиното семејство“, но и дека имала проблеми како Американка во Велика Британија.

Откако кажа дека членовите на кралското семејство сметале дека таа и Хари се само пречка, Меган додаде дека особено ѝ сметало тоа што за нив важеле различни правила.

Поврзани новости