493
Меган Маркл (41) и принцот Хари (38) и официјално ја напуштија вилата Фрогмор, нивната резиденција во Обединетото Кралство и му ги предадоа клучевите од куќата на кралското семејство.
Британските медиуми пишуваат дека нивните работи биле испратени во Калифорнија, каде што сега живеат, неколку месеци откако кралот Чарлс им ја одзел куќата на имотот Виндзор, која ја добиле како свадбен подарок од покојната кралица Елизабета Втора.
Хари и Меган повеќе немаат резиденција во Британија, пишува Сан. Се додава дека во иднина ќе мора да престојуваат во хотел или кај пријател, кога ќе доаѓаат во Британија.