508
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека руската војна во Украина „постигнува мир според условите на Москва“ и дека Западот има за цел да ја уништи Русија.
„Русија спроведува специјална воена операција во Украина и постигнува мир според нашите услови“, рече тој, пренесе Би-би-си.
Медведев тврди дека војната во Грузија во 2008 година, проширувањето на воената алијанса на НАТО на запад и војната во Украина се дел од обидот на САД и нивните сојузници да ја уништат Русија.
„Целта е иста, да се уништи Русија“, нагласи Медвдев