Медведев провоцира – објави слика од главниот плоштад во Киев, се вее руско знаме

by Fokus

За да го одбележи Денот на Русија, Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и премиер, објави фотошопирана слика од плоштадот Мајдан во Киев.

Фотографијата објавена на Телеграм го покажува плоштадот во главниот град на Украина на кој се вее руско знаме.

Под сликата напиша: „Плоштад на независноста. Наскоро – Плоштад Русија“.

Во мај, Русија ги засили зачестеноста и интензитетот на ракетни и беспилотни напади врз Киев, откако се обиде, но не успеа, да го преземе на почетокот на војната.

И покрај неуспехот, Путин сè уште го гледа украинскиот главен град како најголемата награда на војната, изјави воениот аналитичар Шон Бел за Sky News.

Поврзани новости