Медведев до Маск на Твитер: Исклучи го Старлинк во Украина

by Fokus

Поранешниот претседател на Русија и близок соработник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев денеска на Твитер го повика Илон Маск, најбогатиот човек на светот и новиот сопственик на Твитер, да ја исклучи сателитската интернет услуга во Украина.

Медведев му честиташе на Маск за „надминувањето на политичката пристрасност и идеолошката диктатура на Твитер“.

„И откажи се од тој бизнис со Старлинк во Украина“, додаде Медведев.

Да потсетиме, Илон Маск и обезбедува на Украина сателитска интернет услуга преку услугата Старлинк, која се покажа како клучна за комуникациите на украинската армија.

Медведев пред неколку дена ја коментираше оставката на Лиз Трс со зборовите „збогум Лиз Трс, честитки за салатата“, алудирајќи на британската споредба на нејзиното владеење со времетраењето на главица зелена салата.

На што Маск одговори: „Прилично добро тролање, да бидам искрен“. Потоа го праша Медведев „како се одвиваат работите во Бахмут“, еден од ретките украински градови во чија близина напредуваат руските сили.

Медведев одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

 

Поврзани новости