Русија почна акција за промовирање на руската литература во светот.
Рускиот политичар Дмитри Медведев читаше поезија. Руските државни медиуми и Министерството за култура почнаа проект наречен „Зборот на класиците“ во кој се читаат извадоци од делата на руските писатели. Екс рускиот претседател и премиер, Дмитриј Медведев, кој сега има функција во Советот за национална безбедност читаше дело на рускиот поет и дипломат од 19 век, Фјодор Тјутчев.
Медведев ја искористи можноста да го нападне Западот, цитирајќи делови во кои Тјутчев зборува за односите со западните земји, а особено со Полска.
„Со векови, европскиот Запад сосема невино веруваше дека не може да има друга Европа освен нејзината. Штом го препознаеме ова, станува јасна вистинската основа на брзите успеси што го запрепастија светот и извонредната експанзија на Русија. Почнувате да сфаќате дека освојувањето и насилството биле најприродното и најлегитимното нешто што било направено во историјата. Тоа беше само едно огромно обединување“, цитираше Медведев.