Медиумите во регионот: Агресивен настап на Москва кон Охридската Архиепископија

by Fokus

Голем одек во црковната јавност во православните цркви предизвика посетата на руската црковна делегација на Македонија и интензивирањето на контактите меѓу МПЦ-ОА и РПЦ. Речиси сите црковни медиуи во регионот анализираат дека главната цел на оваа посета е насочена кон јакнење на руското црковно влијание во Западен Балкан во борбата за превласт во Православниот свет.

Од друга страна, аналитичарите од регионот оценуваат дека на овој начин Руската црква и овозможува и продор на руската надворешна политика во ситуација на крвавата воена интервенција на Москва во Украина. Она на што предупредува црковната јавност во регионот е опасноста во која може да западене Македонската правослоавна црква и од позиција конечно да ја извојува својата битка за рамноправна православна автокефална црква, да стане приврзок на руските политички и црковни интереси.

„Ортодоксија тајмс“ во анализата за значењето на изјавите на московскиот патријарх и охридскиот архиепископ, пишува дека изјавата на московскиот патријарх Кирил не е изненадувачка, бидејќи тој со месеци го поздравуваше „давањето автокефалност на Охридската архиепископија од страна на Патријаршијата на Србија“ , јасно игнорирајќи дека правото на доделување автокефалност и припаѓа исклучиво – со векови – на Вселенската патријаршија.

-Сепак, ставот на архиепископот охридски Стефан, кој во јуни побрза да разјасни дека „ додавањето на Томосот за автокефалност ќе дојде од Вселенската патријаршија“, како и дека потегот на Српската Патријаршија да „додели автокефалност“ , беше за „официјален документ, еден вид препорака со која нашата Црква се претставува како подготвена и достојна да добие автокефалност“. На овој начин тој покажа дека разбира дека ако постои начин неговата Црква да добие Автокефалност, тоа е од Вселенската патријаршија и од Вселенскиот патријарх Вартоломеј, пишува во анализата „Ортодоксија Тајмс„.

„Фостфанариу“ пак со наслов „Волколамскиот митрополит Антониј со агресивна агенда во Северна МАкедонија“, пипува дека Руската Црква продолжува бестрашно со своите напади како да не постои војна.

-Не ѝ е доволна Украина, не ѝ е доволна Африка, ја сака и Охридската Архиепископија и целата екоумена, ако е можно. Во реалност Волоколамскииот Антониј – којшто не се разликува од Волоколамскииот Иларион во политиката, бидејќи на истите експанзионистички цели служат – отиде во Северна Македонија за да влијае и да го убеди Архиепископот Стефан и епископите на Охридската Архиепископија да не ја признаат автокефалноста на Црквата на Украина и да го прифатат божемниот Томос за Автокефалија што се додели од Црквата на Србија како да е канонски и валиден. Вселенската Патријаршија ја има примено во еклисиолошка заедница Охридската Архиепископија, но не ѝ додели Автокефалија. Се разбира дека не може да се додели Автокефалија на една Црква која нема да ја признае Автокефалната Црква што е пред неа, во случајот Црквата на Украина. Значи, Москва сакајќи да го подели православниот свет конечно, ја користи како Тројански коњ нејзиниот симпатизер – Црквата на Србија, особено околу прашањето за Охридската Архиепископија. Исто така, настојувањето на Москва на името на Црквата (Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија) како што прави и Црквата на Србија (на истиот провокативен начин), се толкува од аналитичарите како уште една провокација кон Фанар и Атина, но и предвестување на потезите на Московскиот Кирил по крајот на војната. Во внатрешноста на Северна Македонија посетата на Волоколамскииот Антониј предизвикува реакции, затоа што во огнот на војната сите гледаат дека Москва кон сите води една заканувачка политика без граници, обидувајќи се да ги наметне своите правила, пишува „Фостфанариу“ во анализата.

Бугарските медиуми веќе анализираа дека целата посета,но и сослужувањето во Лесновскиот манастир е во насока на поддршка на Руската црква.

-Сам по себе ова е скандал, бидејќи фактот дека дежавата која е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, дозволува на нејзина територија висок руски духовник, кој ја поддржува кремаљската војна против Украина и благослува убивање невини. Денеска во Лесновнскиот манастир Антониј ќе се моли за победа на руската армија и пораз на Украина,чија справедлива кауза е поткрепена од целиот демократски свет. Таа наредба беше дадена пред неколку месевци до сите руски духовници од Кирил, пишува „фактор.бг“.

„Доксологијаинфонјуз“ има многу поостра анализа во која посочува дека МПЦ-ОА, можеби и не треба да добие вистинска автокефалност, бидејќи веќе го избрала патот на Москва.

-Бидејќи Архиепископот Стефан ја прифаќа таа псевдоавтокефалност, нека и си остане со нејзе. Со други зборови да си остане без автокефалија. Недозволиво е еден архиереј да има ваков однос кој треба да му допадне на неговиот соговорник. Од многу игранки на крај така и ќе се случи, Охридската Архиепископија нема да добие Томос за автокефалност. Не може Архиепископот Стефан да каже дека има „канонска автокефалност“ а во исто време пред Вселенскиот Патријарх да зборува дека сака автокефалност. Тоа е несериозен однос,пишува во анализата „Доксологијаинфоњуз„.

Поврзани новости