Медиумите објавуваат за експлозија во вилата на Ѓукановиќ, полицијата демантира

by fokus

Во вилата „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекна експлозија, објави весникот „Вечерње новости“.

Според првичните и непотврдени информации, експлодирала трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Извори на весникот наведуваат дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија. Но, полициската управа во Подгорица демантираше дека имало експлозија.

– Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника, наведува полицијата.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата оваа вила ја користат за прием на високи странски гости и делегации.

Поврзани новости