Медицински сестри во Куманово се избркани од работа, за на нивно место да дојдат кадри на ДУИ, тврди пратеникот Петрушевски

by Fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, тврди дека четири искусни медицински сестри од Здравствениот одм Куманово се избркани од работа, за на нивно место да дојдат кадри од ДУИ.

Тој вели дека овој настан бил причина за претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Куманово да поднесе оставка.

„…Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема“, објави Петрушевски на својот фејсбук профил.

 

Поврзани новости