Медицински сестри од САД заработиле 1,5 милиони долари со фалсификување сертификати

by fokus

Две медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување сертификати за вакцинација, заработувајќи повеќе од 1,5 милиони долари, јавија американски медиуми, повикувајќи се на обвинителството и полицијата.

На Џули Де Вуоно, сопственичка на здравствен центар, и нејзината вработена Мариса Ураро вчера им се судеше.

Обвинителот на округот Сафолк, Рејмонд Тирни, рече дека Де Вуоно и Ураро обезбедиле лажни сертификати, наплаќајќи им на возрасните по 220 долари, а на децата по 85 долари. Двете медицински сестри внесувале неточни информации во државната база на податоци за вакцинација.

Полицијата го претресе домот на Де Вуоно и пронајдоа околу 900.000 долари во готовина и сметководствена тетратка која евидентирала повеќе од 1,5 милиони долари приходи од криминалната шема.

Поврзани новости