487
Медицински работник по потекло од Полска е осомничен дека убил шестмина постари пациенти во Германија и дека планирал да убие уште најмалку тројца, соопшти денеска германската полиција.
Станува збор за 36-годишен Пољак, кој за време на истрагата признал дека дал непотребна инсулинска доза на 12 пациенти во периодот од април 2017 до февруари 2018 година.
Тој е уапсен во февруари, кога негираше дека имал намера да ги убие пациентите.
Претходно беше соопштено дека медицинскиот работник Жегож Станислав Волштајн е осомничен дека на работа барал да се грижи за стари и тешко болни пациенти, со намера да им ги украде вредните предмети. Кога немал можност да добие такви пациенти, ја напуштал таа установа и заминувал во друга.