Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во БРАКО и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.
И покрај кризата, линијата за опремување на здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз.
Медицинската програма на БРАКО има повеќе од 500 различни производи, кои се произведуваат според меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.
Веќе 20 години се користат материјали со врвен квалитет и специјални карактеристики како што се биокомпатибилност, огноотпорност и нерѓосувачки челик со подобрени карактеристики.
„Од богатата медицинска програма, особено би го издвоиле ротирачкиот високософистициран кревет, кој е опремен со 6 електромотори за промена на позицијата на корисникот. Во креветот се вградени и голем број различни сензори на повеќе позиции со кои целосно се врши надзор на лицето-корисник“- посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.
ПР текст