„Медиапул“ по изјавата на Заев: Од Софија засега нема сигнали дека е блиску до договор со Скопје

by Fokus

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека „Софија и Скопје не се далеку од постигнување договор“, но досега нема такви сигнали од Бугарија, пишува бугарскиот портал “Медиапул“.

Анализирајќи ја изјавата на Заев и поддршката од Али Ахмети од ДУИ за решавање на недоразборањата со Бугарија, порталот пишува дека се уште не станува збор за чекор напред и дека тешко дека ќе има одлука на Советот за општи работи на ЕУ, на 8 декември. Ваквите оценки, како што се наведува, се темелат на информации од дипломатски извори.

-Софија очекува Берлин, чие ротирачко претседателство со ЕУ истекува на крајот на годината, да изврши притисок и ЕК да ги прифати бугарските барања, затоа што досега европските очекувања беа насочени само кон Бугарија, што доведе до тоа Македонците да одбиваат да преговараат, така што разговорите се во ќор-сокак, пишува „Медиапул“.

Во написот насловен „Блиску ли е договорот меѓу Софија и Скопје и каде ќе се насочи европскиот притисок“, порталот нагласува дека „Албанците го поддржаа Заев за спорот со Бугарија“. Протоа се пренесува синоќешната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој изрази оптимизмот дека С Македонија до крајот на годината ќе добие добри вести од Софија.

„Медиапул“ ја пренесува и изјавата на професорот од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, кој ја проблематизира бугарската позиција.

Исто така, се посочува и на вчерашната изјава на копретседавачот на историската комисија од македонска страна Драги Ѓоргиев, кој ги оцени како апсолутно неприфатливи бугарските барања.

„Медиапул“ денеска, во посебен текст, се осврнува и на бугарското вето, набројувајќи „десет незгоднни прашања“ за, како што се посочува, неконзистентноста на бугарската политика кон С Македонија во последните три години.

 

Поврзани новости