ЕУ денеска ќе потпише договор за 160 милиони дози вакцини против ковид-19

by Fokus 08:39
08:39

Европската унија постигна договор со американската биотехнолошка фирма Модерна за снабдување до 160 милиони дози на нејзиниот кандидат за вакцини против ковид-19, изјави вчера претседателката на Европската комисија.

-Договорот ќе биде официјално одобрен од извршната власт на ЕУ во среда, рече Урсула фон дер Лајен. „Според резултатите од клиничките испитувања, оваа вакцина може да биде многу ефикасна против ковид-19“, рече таа, додавајќи: „Штом вакцината навистина се докаже како безбедна и ефикасна, секоја земја-членка ќе ја прими во исто време пропорционално“.

- Advertisements -

Деталите за договорот, вклучително и сите опции за набавка во рамките на 160 милиони можни вкупни дози, ќе бидат објавени кога ќе биде потпишан во среда. Брисел претходно потпиша договори за стотици милиони дози на можни идни вакцини од „Џонсон и Џонсон“, „Санофи-ГСК“, „АстраЗенека“, „Фајзер-БионНТех“ и „КуреВак“.

Поврзани новости