728
Тоа што Исмаил Јахоски е ставен како независен пратеник е техничка грешка на веб-страницата на Собранието која ќе биде исправена, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити.
Тој денеска даде појаснување откако вчера некои портали објавија дека Јахоски, кој беше избран од листата на ДУИ, сега е независен пратеник. Меџити рече дека Јахоски бил градоначaлник од ДУИ и дека сега е дел од пратеничлката група.
Меџити исто така рече дека владејачката коалиција има парламентарно мнозинство.
-Има мнозинство. Ние сме во секојдневна комуникација и има ситуации кога треба да делуваме во посебни услови, изјави Меџити.