Меџити: Професорот Сашко Јовев сега ќе има повеќе време за пациентите

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити за разрешениот директор на Кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев рече дека му е пријател и пред неколку дена пиеле кафе заедно и дека му понудил да му биде советник во кабинетот како национален координатор за кардиохирургија.

„ Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги “,  објасни министерот Меџити.

Министерот рече дека причина за разрешувањето на Јовев е нивното несогласување во врска со плаќањето на дежурствата во текот на 2022 година.

 

Поврзани новости