914
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити на денешната седница за новинарски прашања им порача на министрите од ДУИ да го фотографираат местото каде треба да се гради автопатот Скопје – Блаце и да се фатат за работа за да се изгради што е можно побрзо.
Меџити потоа го праша неговиот сопартиец Артан Груби за ветувањето за етничка правична застапеност и во приватните фирми.
Но, вицепремиерот Артан Груби не му одговори на прашањето на Меџити. Му најави дека писмено ќе одговори и ја напушти салата.