Заев до Апасиев: Дали е вистина дека сме ви обезбедиле ресурси за да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ?

by fokus

Премиерот Зоран Заев по прашањето од Димитар Апасиев дали е вистина дека се обидел да купи пратеници, му рече дека тоа е исто како тој да го праша дали е вистина или шпекулација дека СДСМ и обезбедила ресурси на Левица за да и одземе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста. Тоа е исто како да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеник, рече Заев.

Поврзани новости