473
Министерот за здравство Фатмир Меџити на својот Фејсбук објави дека конечно е надминат наследениот проблем со набавката на ленти за мерење шеќер. Како што посочи, дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават во аптеките.
Воедно, истакна дека се прават максимални напори што побрзо да пристигнат и сензорите за дијабет.
„Со ова ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите. Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има“, напиша Меџити.